Контакт инфо

Инженеринг Трејд од Скопје во своите работни простории лоцирани на булеварот Борис Трајковски во близина на населбата Пинтија

icon_widget_image Понеделник-Сабота 07:00 до 15:00; Недела: неработи icon_widget_image бул. Борис Трајковски бр.264, 1000 Скопје, Република Македонија icon_widget_image 070 219 593 (02)27 28 860 icon_widget_image inzeneringtrade@yahoo.com
Image Alt

За нас

Инженеринг Трејд

Друштвото за инженеринг, градежиштво, промет на големо и мало со посредување – Инженеринг Трејд од Скопје се смета за една од водечките компании за кровопокривачки работи на територија на Република Македонија. Од своето основање во далечната 1991-ва година, претпријатието бележи исклучителен напредок во работата, при што дводецениското работно искуство особено придонесе за стручно усовршување на сите лимарско-браварски работи.

Инженеринг Трејд од Скопје во своите работни простории лоцирани на булеварот Борис Трајковски во близина на населбата Пинтија ги поседува сите неопходни машини за обработка на лим, како што е специјална машина за обработка на лим во форма на трапез со исклучиво квалитетно линиско ребро со можност за обработка на лимот во неограничена должина, машини за обработка на лим во форма на керамида, ламперија, како и апканти, преси и друга соодветна опрема.

Како специјализирано претпријатие за кровопокривачки работи, Инженеринг Трејд нуди комплетни и професионални решенија за покривање на секаков вид објекти. Врши продажба, обработка и монтажа на пластифициран лим во сите бои, како и поцинкуван, алуминиумски и бакарен лим.

Во текот на изминатите години изградено е богато портфолио на успешно извршени проекти, остварена е соработка со најголемите градежни компании во Република Македонија како и континуирана соработка со голем број на надворешни стручни соработници, професионалци во својата дејност, што воедно претставува потврда за сериозноста, квалитетот и капацитетот на самата компанија.

Илјадници куќи, згради, хотели, производствени хали, клинички центри, спортски сали, училишта и факултети се одлучија за квалитетен производ и професионална услуга.

Бидете и Вие дел од илјадниците задоволни купувачи кои се одлучија за квалитетен производ и професионална услуга.

За повеќе информации посетете не во нашите деловни простории.

Ве очекуваме

Инженеринг
Трејд